Број на текстови објавени денес: 59

Албанија сепак ќе гради електрана на реката Вјоса

%d0%b2%d1%98%d0%be%d1%81%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%b0

Албанското Министерство за економија го официјализира договорот за изградба на хидроцентралата „Почем“ на реката Вјоса.

Хидроцентраната,со капацитет од 95 мегавати, ќе ја гради турскиот конзорциум „Kovlu Energy”.

Според коцесискиот договор, Турците,во изградбата ќе инвестираат 14,1 милијарди лека или над 100 милиони евра.Изградбата треба да заврши за три години,додека годишното производство е планирано на 305 милиони киловат часови.

Постапката за изградба на ХЕЦ„Почем“ почна во јули 2015 година,кога Владата ја прифати понудата,која самоиницијативно ја даде турската компанија„Чинар“.

Откако ја обештети со бонус од 8 проценти турската компанија,на почетокот на годинава Владата објави тендер,за давање под концесија на оваа ХЕЦ. Но, на истиот имаше само една понуда,на команијата „Чинар“,како дел од конзорциумот„Kovlu Energy” чиј дел е и турската компанија „Ајет“.

Концесијата за користење е за период од 35 години.

ХЕЦ„Почам“ е втор ваков објект кој се гради на Реката Вјоца,по ХЕЦ„Каливач“.

На изгрдбата на хидроцентралите на реката Вјоса остро се спротивставуваа еколошките организации во Албанија,кои организираа многу протести и собири, но Министертвото за економија тврди дека ХЕЦ „Почем“ е подолу од „Каливач“ и не влијае во главниот дотек на реката Вјоса.