Број на текстови објавени денес: 39
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Албанија привремено го стопира увозот на птици од Европа

%d0%bf%d0%b3

Албанија привремено го стопира увозот на птици од земјите-членки на Европска унија, во кои се регистирани случаи на птичји грип (H5N8).

Министерството за земјоделство денеска нареди да запре секаков увоз на птици од Австрија, Хрватска, Данска, Германија, Унгарија, Полска, Холандија, како и од Швајцарија,

Министерството исто така им нареди на одгледувачите на птици да ја држат живината затворена и да ги набљудуваат поради евентуална зараза.

– И покрај тоа што вирусот не е регистриран во некои од соседните држави, истиот може да биде донесен во Албанија од птиците-преселници, се посочува во соопштението од Министерството за земјоделство.